Утрински Весник
Македонија

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Снег ќе врне дури до среда, ќе има појава на силен мраз, а ќе биде и исклучително студено!

Meteoalarm.mk 15 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на многу ладен воздух со потекло од Арктикот, до крајот на оваа работна недела ќе имаме исклучително студено време, со минимални температури кои насекаде низ Македонија ќе бидат под нулата, додека на повеќе места наутро ќе се спуштаат до околу -10 степени, а понекаде дури и под -10 степени, односно до околу -15 степени.


И максималните дневни температури ќе бидат ниски и на повеќе места ќе се движат околу, па  и под нулата, само во централните  и во југоисточните предели тие ќе се искачуваат за неколку степени над нулата. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Во Скопје во текот на оваа работна недела температурата наутро ќе се спушта до околу -5 степеи, а преку ден таа ќе се искачува воо интервалот помеѓу 2 и 4 степени.

Што се однесува до времето, до среда ќе имаме претежно облачно време со послаби врнежи од снег, особено во западните  и во југзападните предели утре (вторник) а во среда послаби врнежи од снег ќе има повторно на повеќе места низ Македонија.

И во Скопје и околината до среда ќе има услови за повремено провејување на снег.

Во деновите после среда ќе имаме постепено намалување на облачноста.

НАПОМЕНА: Поради ниските температури кои ги очекуваме, насекаде во државава ќе имаме појава на голомразица, па така особено крајно внимателни да бидат возачите, но и пешаците. А возачите доколку патуваат низ планинските превои да бидат крајно внимателни поради појавата на голомразица.

Можете да прочитате

Забрани за тешки моторни возила на неколку патни правци, врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава

Кавадарци бара волонтери за вршење активности за почист и позелен град

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19 во Македонија