Утрински Весник
Македонија

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Доаѓа силно невреме во Македонија!

Meteoalarm.mk 9 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во нашата Република Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата. Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.


Поради загреаната атмосфера  исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со услови за појава на крупен град.

И во делови од Скопскиот регион следува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења (во форма на невреме), особено од утре (четврток 5 јуни).

Што се однесува до температурите, до крајот на оваа недела ќе бидат без промени во однос на оние кои ги имаме сега.

Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корсит на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Перински: Со две раце потпишувам – идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам

Утре не очекува уште потопло време – температурата ќе достигне до 36 степени