Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Библиотеките од Охрид и Нашице, Хрватска потпишаа протокол за соработка

Najava za nastan so nasice vo petok.png
Img 7972

Во дводневна посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице – Република Хрватска.

Во 11 часот во Прличевата одаја директорките на двете установи Христина Трпеска и Марија Буха ќе потпишат Протокол за соработка.


Планирана е соработка во подобрувањето на научните, стручните, образовните, издавачките и културните активности во рамките на спроведувањето на работните програми на двете институции. Формите на соработка во иднина може да бидат: размена на знаења и искуства, размена на публикации и други материјали. заедничко користење на човечки и технички ресурси и заедничка организација на научни и стручни програми, проекти од други меѓународни фондови, како и промотивни активности.

По потпишувањето на протоколот ќе следи и промоција на книгата „Македонија така далечна, а така блиска“ од авторот Драгољуб Сиљаноски, преку кого се реализира идејата за збратимување на двете библиотеки. Настанот ќе биде поддржан и од Хрватско – македонската заедница во Охрид.

Книгата е печатена со финансиска поддршка на Советот за националните малцинства на Република Хрватска.

Сиљаноски е роден 1961 година во Кичево. Дипломирал на Економскиот факултет во Осиек. Од своето доаѓање во Хрватска, во 1972 година, па сé до денес, живее и работи во Нашице. Активно учествува во работата на македонските друштва во Осиек и Загреб, член е на Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек, член е на одборот на претставници на македонското национално малцинство во Република Хрватска, а претставник е на македонското национално малцинство за Осиечко-барањската жупанија.

Авторот на оваа книга, собирал разгледници десетина години и успеал да собере стотина. Сакајќи да ја претстави културата и историјата на својата родна Македонија, одбрал разгледници кои донесуваат мотиви од Македонија, а адресирани на лица од Хрватска. Презентираните разгледници покриваат временски период од Првата светска војна до денес и прикажуваат разни мотиви од Македонија.

Книгата ќе ја промовираат професорот по историја м-р Михаил Патчев и м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар.

Делегацијата од Нашице во сабота на 21 јуни ќе се приклучи во уште еден проект на Библиотеката од Охрид – „Слушни го Езерото“ во чест на Денот на Охридското Езеро.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја