Утрински Весник
Магазин

Бијело Дугме ќе прослави пола век постоење со концерти: Славеничката турнеја започнува во Сараево на 11 мај

O 1867071 1024.jpg
Img 5587

Една од најистакнатите и највлијателните рок-групи на поранешна Југославија, Бијело Дугме, ќе се собере на 11 мај на славенички концерт во Домот на млади во Сараево, од каде ќе започне турнејата по повод 50-годишнината од објавувањето на нивниот прв албум.

-Не славам родендени, но некако ми се слават 50 години Бијело Дугме. Има нешто што ми се допаѓа во тоа. Да, и по 50 години, сепак ми е убаво да го свирам, и што има публика која е заинтересирана за тоа – изјави Горан Бреговиќ Брега за Недељник.

300x250 (7)

Бијело Дугме е бенд кој го достигна својот врв во периодот од 1970-тите до средината на 1980-тите. Основана во Сараево во 1974 година, групата претставуваше комбинација од различни музички влијанија, од рок и блуз до фолк и етнички елементи.

Групата брзо стана популарна, благодарение на енергичните изведби и хитови. Нивниот звук се одликуваше со спој на рок-енергија, источни мелодии и текстови кои ги рефлектираа социјалните и политичките теми од тоа време.

Во Домот на млади, на 11 мај, публиката повторно ќе има можност да ужива во хитовите од сите фази на работата на групата: „Не спиј мала моја музика додека свири“, „Селма“, „Сонував синоќа дека те немав“, „На задното седиште од мојата кола“, „Ти беше ружа, сега не си“, „Ѓурѓовден“, „Еве, ќе се заколнам“…

Нивното влијание на музичката сцена на поранешна Југославија беше огромно, а нивните албуми станаа класици на модерниот рок во поранешната земја. Иако групата престана со активна работа во 1989 година, нејзиното влијание сè уште се чувствува во музиката во регионот, а песните на Бијело Дугмет остануваат омилени меѓу љубителите на рок музиката ширум поранешна Југославија.

Ss1

Можете да прочитате

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена

Во посета на Бимилк 200 деца од градинката „Пролет“ се запознаа патот на млекото