Утрински Весник
Магазин

Би-би-си: „Нож во грб 2“ го продолжува Whodunit лудилото

Би-би-си: „Нож во грб 2“ го продолжува Whodunit лудилото

Прашањето за тоа што го поттикна неодамнешното оживување на жанрот Whodunit е практично тој самиот, оценува британски Би-би-си во анализа на крими-драмата „Стаклен кромид: нож в грб“ (Glass Onion: Knives Out Mistery) и сè поголемата популарност на овој жанр.

dobivaj vesti na viber

Дали американската ТВ-серија „Убиства во зградата“ стои зад ненадејната популарност на овој жанр? Големиот успех на „Нож в грб“ на киноблагајните во 2019 година? Повторната имагианција на Херкул Поаро на Кенет Брана? Или, пак, континуираната продажба на романите на Агата Кристи, што покажува дека Whodunit всушност никогаш не исчезна.

Без оглед на причината, тие се секако голем бизнис во моментов. „Нетфликс“, наводно, платил 450 милиони долари за првото од двете продолженија на Knives Out. Првото, Glass Onion, излегува во петок.

Во оригиналниот филм глуми Даниел Крег како детектив Беноа Блан, заедно со Крис Еванс, Џејми Ли Кертис и Ана де Армас.

Старомодна, но иновативна мистерија за убиство – не е филм за суперхерои или научнофантастичен блокбастер што ги освојува киноблагајните. А всушност, токму тоа го направи, оценува Би-би-си.

Glass Onion, во кој глуми сосема нова актерска екипа освен Крег, е првото од многуте продолженија. Неговиот сценарист и режисер Рајан Џонсон не е изненаден од трајната популарност на Whodunit-жанрот.

„Сметам дека има смисла, бидејќи тоа е истото нешто што отсекогаш било привлечно за овој жанр“, изјави Џонсон за Би-би-си.

„Што не треба да сакате? Имате галерија интересни ликови, имате харизматичен детектив, интриги, мистерија, комедија, човечка драма, сите состојки се тука.

„А што се однесува до мене, јас сум зависник од Whodunit, во моментов сум во рајот, фактот дека сè повеќе има вакви работи и дека таленти како Стив Мартин пишуваат мистерии токму сега, за мене тоа е рајот“.

Актерската екипа на новиот филм – каде сите се осомничени за убиство – ги вклучува и Едвард Нортон, Џенел Монае, Кејт Хадсон и Лесли Одом Џуниор.

Филмот е свежа интерпретација на whodunit-жанрот, односно низ целиот филм се провлекува прашањето кој го стори тоа? Кој е убиецот?

Крег треба да глуми стереотипен детектив сезнајко како Херкул Поаро или Шерлок Холмс, но тој дава една своја интересна перспектива. Во ликот на детективот вметнува можност за човечка немарност, наивност и одлична интуиција.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста