Глобалниот медиумски гигант Британската радиодифузна корпорација (Би-Би-Си) денеска ја прославува својата 100-годишнина, со поглед на славното минато, но и неизвесна иднина.
Би-Би-Си се етаблира како еден од највидливите и најпочитуваните светски брендови во Британија со својата оригинална мисија да „информира, едуцира и забавува“.
Телевизиската компанија секоја недела допира до 492 милиони луѓе ширум светот, според годишниот извештај на корпорацијата за 2021/2022 година.
Светскиот сервис емитува на 41 јазик на околу 364 милиони луѓе неделно ширум светот.
„ Веќе еден век, Би-Би-Си беше светилник на веродостојни вести и програми низ целиот свет, како и дел од структурата на Обединетото Кралство и една од нејзините клучни институции“, рече генералниот директор на Би-Би-Си Тим Дејви за оваа историска годишнина.
Речиси седум милиони луѓе започнуваат секој ден слушајќи ја програмата „Денес“ на Би-Би-Си Радио 4, која често ја поставува политичката агенда.
„Strictly Come Dancing“, кој ги спојува познатите личности со професионални танчери во сала за бал, ги привлекува гледачите на екраните веќе 20 години и е најозборуваната програма на телевизија. Сериите како Peaky Blinders, Fleabag и Killing Eve се популарни ширум светот.
Но, стогодишнината на Би-Би-Си доаѓа во неизвесно време, со драстично намалување на буџетот и промени во навиките за гледање поттикнати од дигиталната револуција, па се поставуваат прашања за неговата иднина.
Во јануари, владата објави дека ќе ја замрзне ТВ таксата на Би-Би-Си на две години. Годишната наплата за домаќинствата со телевизор сега е 159 фунти.
Претседателот на Би-Би-Си Ричард Шарп вети дека Би-Би-Си „ќе информира, едуцира и забавува уште еден век“.
„Би-Би-Си денес има сто години – време за славење, но и за прифаќање на иднината“, рече Шарп.
„Верувам дека најдобрите денови се пред нас. Секогаш сме иновираат, менувавме и се прилагодувавме“, додаде тој.