Утрински Весник
Свет

Безбедносната служба на Украина со дронови удрила во руска нафтена рафинерија во Волгоград

Picture 164 660x384 2.jpg

Два украински дронови денеска погодија постројка за примарна преработка на нафта во нафтена рафинерија во градот Волгоград на југот на Русија, како дел од операцијата на Службата за безбедност на Украина (СБУ), објави Ројтерс, повикувајќи се на украински извор, пренесе БТА.

Руските локални власти претходно денеска известија дека избувнал пожар во големата нафтена рафинерија по напад со дрон, кој бил изгаснат. Рафинеријата е во сопственост на руската компанија Лукоил.

Нападот е последен во серијата напади со украински беспилотни летала во последните недели врз руски постројки за преработка на нафта, кои Киев ги смета за важни за Русија во војната во Украина. Според изворот, овие напади ќе продолжат, пренесе БТА.

-Со ударите врз рафинериите кои му служат на рускиот воено-индустриски комплекс, не само што ја прекинавме организациската мрежа на руски дотур на гориво на фронтот, туку и ги намалуваме приходите во рускиот буџет, рече изворот.

Растојанието од градот Харков во североисточна Украина, во близина на границата со Русија, до градот Волгоград во јужна Русија е над 600 километри.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена