Утрински Весник
Македонија

Без врнежи ќе бидеме цела оваа недела, Африканскиот топол бран продолжува!

Meteoalarm.mk 31.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец.


Во Скопје  и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе бидат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, на многу места тие ќе надминуваат и 35 степени а во Повардарието температурите ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 40 степени.

Поради многу топлиот бран од Африка кој условува многу високи температури на воздухот апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Врнежи и понатаму нема на видик, што значи дека во текот на целата оваа недела ќе имаме суво и стабилно време насекаде во нашата Македонија.

Можете да прочитате

Битиќи: Срам за владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Пожари ги зафатија Кефалонија, Воника и Закинтос

Али Ахмети: Албанците се за унитарна, заедничка и еднаква Македонија