Утрински Весник
Скопје

Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион

Voda.webp.webp

ЈП „Водовод и канализација“–Скопје известува дека денеска, од 08:30 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците од улицата „Илинденска“, (на потегот од Влада до фонтаната во Градски Парк), како и објектите во склопот на Градски стадион, во Општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм, на ул. „Благоја Страчков“ бр. 12.

Корисниците без вода ќе бидат до завршување на работите. 

Можете да прочитате

„Нешто што ќе остане” се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Аеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „NO FINISH LINE SKOPJE“

Дел од Кисела Вода денеска без струја