Утрински Весник
Скопје

Без вода и струја неколку улици во Скопје

Struja 1.jpeg

Без вода денеска од 9 часот до санирање на дефектот ќе бидат корисниците од улицата „Маца Карбева“ и населбата Трета зона Припор во општина Кисела Вода, а од 10 часот до завршување на работите дел од корисниците на улицата „Златко Шнајдер“ во општина Центар.

Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекините во водоснабдувањето се поради уличен дефект на улицата „Маца Карбева“ и изведување водоводен приклучок на улицата „Златко Шнајдер“.


Без електрична енергија денеска од 9 до 11 часот ќе бидат корисниците од улица 4 во Зелениково, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Китка“, лево од гробиштата по ридот, во општина Кисела Вода.

Од ЦУК додаваат дека прекините во снабдувањето со електрична енергија се поради зафати во електродистрибутивната мрежа.

Можете да прочитате

Герасимовски: Работевме до доцна во ноќта, продолжуваме и утрово – сите екипи остануваат на терен

Град Скопје: Подготвени сме за најавеното силно невреме 

Меџити: Задутре започнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија”