Утрински Весник
Свет

Без Украина и ЕУ, не е можен договор Русија – САД за прекин на огнот, порача Калас

Kaja kalas.jpg

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека секој договор меѓу САД и Русија за завршување на војната во Украина мора да ја вклучи и Украина и Европската унија, пренесува „Ројтерс“.

Таа најави дека на 11 август ќе свика состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за да се разгледаат следните чекори.


„САД имаат моќ да ја принудат Русија на сериозни преговори. Секој договор мора да ја вклучи Украина и ЕУ, бидејќи се работи за безбедноста на Украина и на цела Европа“, нагласи Калас.

Изјавата доаѓа во пресрет на најавениот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, закажан за 15 август на Аљаска.

Калас потсети дека, според меѓународното право, сите привремено окупирани територии ѝ припаѓаат на Украина и предупреди дека ниту еден договор не смее да стане платформа за понатамошна руска агресија врз Украина, трансатлантскиот сојуз и Европа.

Таа додаде дека министрите ќе разговараат и за состојбата во Газа.

Можете да прочитате

Амазон ќе затвори 16 илјади работни места

Градоначалникот на Минеаполис одбива полициска соработка во акции против имигранти

САД започнуваат технички разговори со Данска и Гренланд за интересот на Трамп