Утрински Весник
Скопје

Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба

Struja Voda 413111 417984 420654.jpg

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија од 08:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата „Тетовска“ во Центар, а од 09:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на последната автобуска станица на ЈСП – линија 57, во населбата Нерези во Карпош.

Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улиците „Орце Николов“, „Крагуевачка“, „Драган Ѓаконовски – Шпато“, „Беджих Сметана“ и „Миладин Поповиќ“ во Карпош.


Од РЦУК соопштија дека по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф- 80 мм на улицата „Коле Неделковски“ бр. 32, утре од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица како и улицата „Стефан Јакимов- Дедов“ во Центар.

Поради промена на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на улицата „Јани Лукровски“ бр. 2, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Јани Лукровски“, „16-та Македонска Бригада“ и „Трифун Хаџијанев“ во Гази Баба.

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем