Утрински Весник
Скопје

Без струја делови од Сарај и Карпош, без вода делови од Центар

Struja.jpg

Поради планирани прекини на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа на ЕВН утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Сарај и Карпош.

Како што информираат од РЦУК, во период од 09,00 до 15,00 часот без струја ќе биде дел од село Сарај кај трговскиот центар, а од 12,00 до 15,00 часот делови од ул. „Париска“ бр.5 и ул. „Букурешка“ бр. 21,19,17 и 15  во општина Карпош.

Од РЦУК, согласно податоците од ЈП Водовод и канализација Скопје, информираат и дека денеска ќе се започне со чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Припор 2. Активностите ќе отпочнат во периодот од 08:00, а можно е да има мал прекин на водоснабдување општина Сопиште.

Поради изведување на водоводен приклучок ф100мм на улица „Маџир Маало“ бр.15 (населба Маџир Маало – Центар ), пак, прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе имаат дел од корисниците на ул. „Охридска“, потегот од ул. „Петричка“ до ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“. Прекинот ќе биде до завршуање со работните активности. 

Денеска поради уличен дефект на водоводен цевка Ф 5/4“на улица Јани Лукровски 9-2., прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. о. Гази Баба.

Можете да прочитате

Општина Аеродром одбележа 20 години постоење и 153 од раѓањето на Сандански

Јубилеен 10-ти пат урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Посебен режим на сообраќај во Скопје