Утрински Весник
Скопје

Без струја делови од неколку скопски општини

Struja1.jpg

Корисниците од ул. „Црноризец Храбар“ во општина Аеродром денеска од   8 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД.

Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат дел од корисниците од с.Сарај – пат за Љубин (кај џамијата) во општина Сарај, а од 9 до 11.30 часот и поголем дел од корисниците од објектите со парен број на ул. „Иван Цанкар“ во населба Влае во општина Карпош.


Од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од ул. „Елисе Поповски Марко“, „Киро Гавриловски“ и „Антон Панов“ во општина Центар, од 9 до 14.30 часот – дел од корисниците од ул. „Франце Прешерн“ со броеви од 20 до 40 во општина Карпош и од 11 до 15.30 часот – дел од корисниците на ул.  „Поп Богомил“ и „Трнодол“ во општина Карпош.

Можете да прочитате

Градскиот парк денес преполн: Скопјани уживаа во сонцето

Екс градоначалникот Коневски повикува да се доврши црквата „Св. Троица“ во Аеродром

Денес во Дебар Маало настан по повод 73. роденден на големиот драмски автор Горан Стефановски