Утрински Весник
Скопје

Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода, а без вода дел од општина Карпош

Struja.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Без струја денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од жителите лоцирани на улица „Врполе“ во населба Лисиче, општина Аеродром.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Драгиша Мишовиќ“ бр.12/34, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците „Дрезденска“, „Римска“ и „Анкарска“ во општина Карпош.


Без струја од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат и корисниците од улиците „Марко Орешовиќ“, „Марко Орешовиќ“ 2, „Мариовска“ и дел од „Димо Хаџи Димов“ во Општина Кисела Вода. 

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. 

Без вода денеска од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Његошева“, „Бриселска“, „Софиска“, „Стокхолмска“, „Петар Драганов“, „Гаврил Лесновски“ и „Копенхагенска“ во Општина Карпош.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф-100 милиметри на улица „Петар Драганов“ бр. 1б.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. 

Можете да прочитате

Прекин на водоснабдувањето во делови од Тафталиџе утре

Скопје започнува со подготовките за „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“

Возило излета во реката Треска во близина на Матка