Утрински Весник
Скопје

Без електрична енергија дел од Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново, а без вода дел од Центар

Struja.png

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново, додека без водоснабдување ќе остане дел од општина Центар.

Како што се наведува во соопштението, од 9 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улица „Вангел Дину“ во населба Влае, од 12 до 15:30 часот корисниците од улиците „24“ и „60“ во населба Волково, од 8:45 до 13:00 часот корисниците од село Мојанци.

Без водоснабдување, пак, ќе останат делови од улиците „Партизанска 1“, „Црвена Вода“ и „Дане Крапчев“. Прекинот ќе трае од 7:30 часот до завршување на дефектот.

Можете да прочитате

(Фото) Автобус на ЈСП се судри со автомобил во Ѓорче Петров

Екс директорот Галетановски се пријави на огласот за нив директор на ЗОО

(Фото) Еве колку е температурата во Скопје во 16.00 часот