Утрински Весник
Спорт

Бетис и Севилја со реми во жестокото „Гран дерби“

Бетис и Севилја со реми во жестокото „Гран дерби“

„Гран дерби“ на Севилја, дуелот помеѓу Реал Бетис и Севија, секогаш носи многу возбуди, многу страст и многу нервоза, и така беше и вечерва, кога Реал Бетис не издржа со десет играчи на теренот и на крајот се задоволи со 1:1 реми на „Бенито Вилјамарин“.

dobivaj vesti na viber

Првото полувреме беше посебно жестоко, и двата клуба завршија со црвен картон – прво Гонзало Монтиел доби црвен картон за Севилја во 38. минута, па веднаш откако Бетис поведе со автоголот на Хесус Навас и на Набил Фекир му беше покажан патот кон соблекувалната.

Домаќините само што почна првото полувреме, во 49. минута останаа со девет играчи на теренот по црвениот картон на Борха Иглесијас, и успеаја да издржат до 82. минута, кога Немања Гудељ постигна фантастичен гол за да осигура реми за својот тим.

Додека Бетис останува на четвртото место на табелата со 24 поени, Севилја со освоениот поен излегува од зоната за испаѓање и сега се на 17. место со само 11 поени и без победа во последните пет меча.

(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-42409”));

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ