Утрински Весник
Скопје

Бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците од Кисела Вода под мотото „Спремни за средно!“

Polumatura poster 1.webp.webp

Општина Кисела Вода организира бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците под мотото „Спремни за средно!“, наменета за сите ученици кои го завршуваат основното образование во оваа општина.

Настанот ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ООУ „Невена Георгиева Дуња“ и ќе трае до 23:30 часот. Се очекува присуство на околу 560 ученици, кои ќе имаат можност заеднички да го одбележат крајот на деветгодишното образование.


За забавниот дел се предвидени настапи на музичкото дуо 2Bona и диџеј Марио Трампет, како и настапи од самите ученици.

Од Општината информираат дека ова е втора година како се организира ваква заедничка и бесплатна полуматурска прослава, а концептот за годинашниот настан произлегол од предлозите на учениците.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која претходно се сретнала со претставници на деветтоодделенците од сите општински училишта, посочи дека целта била младите директно да учествуваат во креирањето на настанот.

– Општина Кисела Вода ги третира младите како сериозни соговорници чие мислење мора да се вреднува. Нашата задача е да им дадеме простор да одлучуваат за прашањата што ги засегаат и да овозможиме нивните идеи да станат реалност – изјави Стаменкоска Трајкоска, изразувајќи очекување дека учениците ќе создадат убави спомени пред да започнат нова етапа во образованието.

Можете да прочитате

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци

Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари

Дел од општина Центар и неколку скопски села без струја, а дел од општина Карпош без вода