Утрински Весник
Свет

Бериша најави национални протести и бара техничка влада

Sali berisha 2.jpg

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, најави национални протести со цел соборување на актуелната власт и формирање техничка влада. Тој оцени дека протестите се единствениот начин опозицијата да се спротивстави на социјалистичкото мнозинство.

Бериша информираше дека првиот национален протест ќе се одржи на 22 декември, нагласувајќи дека граѓаните мора гласно да го изразат своето незадоволство. Тој додаде дека протестите ќе продолжат сѐ додека не се создадат услови за техничка влада и одржување слободни избори. Во обраќањето, Бериша повторно го обвини премиерот Еди Рама за корупција и депопулација, оценувајќи го владеењето на социјалистите како „нарко режим“.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози