Утрински Весник
Економија

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Benzin 960x468 1.jpg

Од ноќеска на полноќ нови поскапи цени за горивата одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Бензините поскапуваат за половина односно за 1 денар по литар, дизелот поевтинува за половина денар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит.

Можете да прочитате

Цените на нафтата се пратија на нивото под 100 долари за барел

Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви

Цената на дизелот во Македонија со најголем раст споредено со земјите во регионот