Утрински Весник
Економија

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk

Benzinpumpa 2.jpg

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, додека бензините поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар. Новата цена за литар бензин БС-95 ќе изнесува максимални 87,5 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 90 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 76 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,5 денари и ќе се продава по 76 денари за литар. Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,252 денари за килограм се зголемува цената на мазутот и истиот ќе се продава за 44,554 денари.

Можете да прочитате

Левица: Владата се откажува од гасификацијата – две милијарди денари скратени со ребалансот

СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија

УЈП започна контроли на приливите од странство остварени во текот на 2021 година