Утрински Весник
Спорт

Бензема е неприкосновен број 1 на Реал

Бензема е неприкосновен број 1 на Реал
Dik 300x250 mk

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, стана првиот играч во историјата на клубот кој постигнал најмалку 20 гола во 11 сезони.

dobivaj vesti na viber

Искусниот фудбалер во неделата во победата од 6:0 против Ваљадолид, во 27. коло од шпанскиот шампионат, постигна хет-трик за седум минути. Бензема оваа сезона постигна 22 гола во сите натпреварувања.

Французинот до вчера го делеше рекордот со легендарните Алфредо ди Стефано и Раул, кои во десет сезони постигнаа најмалку 20 гола за кралскиот клуб.

Бензема, исто така, стана сопственик на најбрзиот хет-трик на Реал Мадрид во натпреварите во Ла Лига од 19 април 1992 година, кога Фернандо Јеро постигна три гола против Еспањол во интервал од шест минути.

35. годишниот напаѓач е во Реал од 2009 година.

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата