Утрински Весник
Свет

Белорусија прикажа распоредување на рускиот хиперсоничен систем „Орешник“

Oreshnik 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Белорусија денеска јавно објави снимка што го прикажува распоредувањето на рускиот хиперсоничен ракетен систем „Орешник“ на своја територија оружје за кое се смета дека може да биде опремено и со нуклеарна боева глава. Информацијата претходно месецов ја потврди и белорускиот претседател Александар Лукашенко, близок сојузник на рускиот лидер Владимир Путин, во период кога Москва паралелно води разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Станува збор за балистичка ракета со среден дострел, чие распоредување предизвика реакции кај западните безбедносни аналитичари. Според дел од експертите од Запад, ваквиот потег би можел значително да го скрати времето потребно за испорака на руски нуклеарни ракети до европски цели во случај на вооружен судир, што, како што наведуваат, ја отсликува сè поголемата улога на нуклеарното одвраќање во стратегијата на Кремљ.

Целта, според нив, е да се обесхрабрат земјите членки на НАТО од снабдување на Украина со оружје со долг дострел. Американски истражувачи, анализирајќи сателитски снимки, укажуваат дека ракетите и нивните мобилни лансери најверојатно се распоредени во поранешна воздухопловна база во источниот дел на Белорусија. Ракетата „Орешник“ беше употребена од Москва во ноември минатата година против цел во Украина, при што носеше конвенционална боева глава. Рускиот претседател Владимир Путин тогаш тврдеше дека системот е речиси невозможно да се пресретне, наведувајќи дека достигнува брзина и до десет пати поголема од брзината на звукот.

Можете да прочитате

Дефект во тунелот под Ла Манш го парализира железничкиот сообраќај меѓу Британија и Европа

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц