Директорката на Третата белградска гимназија Олга Чокаш за „Данас“ потврди дека во вторникот на фудбалски натпревар, во рамки на спортско-хуманитарниот турнир „Гимназијада“ се случил инцидент во кој професор од тоа училиште, во обид за раздвојување на учениците, се здобил со тешки телесни повреди.
-Третото средно училиште во Белград одлучи да ја укине годинашната „Гимназијада“ бидејќи секаков облик на насилство е апсолутно неприфатлив. Откажани се сите натпревари што требаше да се одржат во среда (15 мај) и четврток (16 мај) – вели директорката.
Таа додава дека инцидентот бил пријавен во полиција, која дополнително ќе ги испита фактите поврзани со овој случај.
-Нашиот колега навистина се здоби со горенаведените повреди и во моментов е на преглед. Наставата денеска се одвива редовно – изјави Чохаш за Данас.
Таа не потврди, но ниту ги демантираше неофицијалните информации на „Данас“ дека утре ќе биде прекината наставата во Третата гимназија во знак на протест поради нападот врз професорот.
Инаку за утре е најавен протест на просветните работници поради претепувањето на наставници во Бачка Паланка.
Третата гимназија синоќа ги известила и останатите училишта учеснички за прекинот на „Гимназијадата“.