Утрински Весник
Свет

Белгискиот премиер падна од велосипед и изгуби свест

Белгискиот премиер падна од велосипед и изгуби свест

Белгискиот премиер Александар Де Кро додека се возел со својот син паднал од велосипедот и накратко изгубил свест. Тој бил пренесен во болница, но тестовите покажале дека падот немал значителни последици. Падот се случил вчера додека 47-годишниот премиер се возел во близина на својот дом во регионот на Фландрија, јавува новинската агенција Белга.

dobivaj vesti na viber

Денеска Де Кро на социјалните мрежи објави видео од својот дом во кое му се заблагодарува на медицинскиот персонал кој се грижел за него.

“За среќа, носев кацига и син ми повика брза помош. Спортот е добар за здравјето. Но понекогаш треба да се биде малку внимателен”, рекол тој.

Дополнително, тој им се заблагодари на сите што му испратија пораки со кои му посакуваат брзо закрепнување. Не се очекува несреќата да влијае на работниот распоред на премиерот за следната недела.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници