Утрински Весник
Свет

Белгија го признава будизмот, се очекува владата денес да го усвои предлог-законот

Белгија го признава будизмот, се очекува владата денес да го усвои предлог-законот

Се очекува Белгија официјално да го признае Будизмот откако владата денес ќе го усвои нацрт-законот кој ќе овозможи финансирање, официјални претставници и настава во училиштата.

dobivaj vesti na viber

Будизмот би добил државно финасирање од 1,2 милиони евра, а по усвојувањето на законот во собранието, ќе биде овозможено создавање на лолални институции, како и вршење обреди на будистичките претставници во затворите, војската, болниците и отворање на курсеви за будизам, како и официјален образовен состен за учење на други облици на богослужба.

Врз основа на тој закон, сите белгиски провинции и бриселскиот регион мора да финансираат и локален будистички центар.

Белгискиот будистички сојуз побара официјално признавање на будизмот во март 2006 година.

Унијата проценува дека во Белгија има 150.000 будисти.

Единствената друга земја во ЕУ каде што е признат будизмот е Австрија, објави „Ројтерс“.

Во моментов во Белгија се официјално признати шест облици на богослужба: римокатоличко, православно, јудејско, англиканско, протестантско-евангелско и исламско.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток