Утрински Весник
Свет

Белгија е на суд поради наводно непреземање ништо за да го спречи геноцидот во Газа

20250722202259 big 730x400 74.webp.webp
Dik 300x250 mk

Државата Белгија е тужена пред судот во Брисел за неисполнување на своите обврски според Конвенцијата на ОН за геноцид, во врска со војната во Газа.

Случајот го покрена организацијата „Droit Pour Gaza/Recht Voor Gaza“ (Правда за Газа), колектив составен од белгиски адвокати, академици и организации на граѓанското општество, како и членови на палестинската дијаспора, јавија белгиските медиуми. Тие тврдат дека Белгија е законски обврзана да дејствува за да спречи геноцид и дека во моментов не го прави тоа.


На 7 јули, групата формално се обрати до премиерот Барт де Вевер, министерот за надворешни работи Максим Преву, министерот за финансии Жан Жамбон и министерот за мобилност Жан-Лик Кроке. Бидејќи немаше официјален одговор, случајот сега се решава по итна постапка од страна на првостепениот суд во Брисел.

Белгија е повикана да преземе итни мерки, вклучително и затворање на воздушниот простор, водните и копнените патишта за испораките на оружје во Израел, забрана за трговија со нелегални израелски населби, замрзнување на средствата на израелските функционери вклучени во војната и поддршка на суспендирањето на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, кој ги регулира односите за слободна трговија.

„Како и сите страни потписнички на Конвенцијата за геноцид, Белгија има законска обврска да спречува и запира геноцидни акти користејќи ги сите правни средства што ѝ се на располагање“, се вели во соопштението на групата.

Кабинетот на Де Вевер најави „соодветен одговор“. 

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник