Утрински Весник
Свет

Белата куќа за пронајдените документи кај Бајден: Ќе одговориме

Белата куќа за пронајдените документи кај Бајден: Ќе одговориме

Белата куќа денеска објави дека ќе одговори со „добра волја“ за несоодветното чување на доверливи документи во домот на претседателот Џозеф Бајден.

dobivaj vesti na viber

Барањето за одговор беше побарано од Надзорната комисија на Претставничкиот дом на Конгресот.

Портпаролот на Белата куќа, Иан Самс, им изјави на новинарите дека Белата куќа примила неколку писма од Надзорната комисија на Претставничкиот дом за ова прашање, ги разгледува и ќе донесе одлука за нејзиниот одговор во догледно време, објави Ројтерс.

Советник на претседателот во саботата (14 јануари) изјави дека пет дополнителни доверливи страници биле откриени во домот на претседателот во Вилмингтон, Делавер, и рече дека тие веднаш биле предадени на претставници на Министерството за правда, објави Ројтерс.

Соработниците претходно пронајдоа уште една ризница доверливи документи во неговата резиденција и канцеларијата што ја користеше од времето кога беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Министерството за правда конкретно го истражува начинот на кој поранешниот претседател Доналд Трамп постапувал со многу чувствителни доверливи документи што ги чувал во неговата викендичка во Флорида откако ја напуштил Белата куќа во јануари 2021 година.

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната