Утрински Весник
Македонија

Бела пена и помор на риби повторно во Дојран?! (ВИДЕО)

Screenshot 20250425 215657 facebook.jpg

На социјалните мрежи споделено е видео кое како што велат е направено денес, а на кое се гледа дека има помор на риби, силна миризба и бела пена на брегот од Дојранското езеро.

Многу медиуми за иста таква ситуација алармираа и пред неколку недели. Дали се работи за нова еколошка катастрофа?


Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, минатиот пат ги демантираше информациите. Според него, не станува збор за некаков еколошки инцидент, туку секоја година, пред почетокот на сезоната, се појавуваат такви дезинформации за да му се наштети на Дојран.

-Во овој период рибата се мрести и примероци од неа, кои не можат да се измрестат, едоноставно угинуваат, односно пукаат, бидејќи не можат да ја исфрлат икрата. Квалитетот на водата постојано се испитува и е со добар квалитет, а со изградбата на Пречистителната станица, која набргу ќе ја пуштиме во употреба, квалитетот на водата во Езерото ќе биде уште подобар, изјави за МИА Ангов тогаш.

Во исчекување сме на нова изјава за денешниот случај на помор.

Видеото можете да го погледнете на Фејсбук со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Левица: Бараме ДПМНЕ и СДСМ веднаш да делегираат членови за Анкетната комисија за „Пулс”

На најголемиот собир на уредници на Википедија напишано над 400 нови статии 

Кируна- шведската европска престолнина на културата 2029 ги повикува македонските уметници да учествуваат со свои проекти