Утрински Весник
Економија

Бектеши најави кривични пријави против повеќе маркети и трговци кои продавале по повисоки цени

Бектеши најави кривични пријави против повеќе маркети и трговци кои продавале по повисоки цени

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави кривични пријави за трговците кои не ги почитувале владините одлуки за замрзнувањето на цените.

dobivaj vesti na viber

Бектеши кажа во текот на вчерашниот ден биле оземени над 15 тони овошје и зеленчук од страна на надлежните институции, а има прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар. Казни има и за увозници на овошје и зеленук, како и компании кои се занимаваат со малопродажба.

Министерот ги објави и имињата на некои од поголемите маркети кои ја прекршувале владината одлука, како што се КАМ, Веро, Кипер, Стокомак, Миса, Тинекс.

„Во петок јавно ќе се покренат кривични постапки“, рече Бектеши.

Одлуката за цените ќе продолжи да важи и во наредниот период.

Директорот на државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски изјави дека на Кванташки биле констатирани многу прекршоци.

Затекнати се трговци кои не водат евиденција во трговија, рече тој, а одземените стоки се предадени до Агенцијата за управување со одземен имот.

Трајковски најави дека од денес сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта, и тоа мора да биде пракса. Системот мора да профункционира, додаде тој.

Можете да прочитате

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата