Утрински Весник
Македонија

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата

Bekim sali 1 bg resize.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата.

-Ова именување за мене не претставува само функција или титула, туку голема доверба и сериозна морална и национална обврска, да бидам во служба на секој граѓанин, без никаква разлика, сè до целосната реализација на проектите што се од суштинско значење за сите граѓани. Оваа Влада, во изминатите речиси две години, покажа дека кога постојат волја, визија и посветеност, резултатите не изостануваат. Вработувањето и унапредувањето на илјадници млади луѓе, обезбедувањето средства за изградба на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, финансиската поддршка за сите општини, решавањето на прашањето со Медресето, како и економскиот раст и развој, се конкретни дела што зборуваат погласно од какви било зборови, објави Сали.

Сали вели дека, како владата ги очекуваат бројни проекти и сериозни предизвици. Додава дека ќе продолжат да работат максимална посветеност, енергија и висок мотив, со цел секое ветување дадено пред граѓаните да се претвори во конкретни активности и видливи резултати.

Можете да прочитате

СДСМ: Поскапе визата од многу лажење, кога ќе ја објавите фотографијата?

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата 

Сончево и студено време со засилен северен ветер утре