Утрински Весник
Македонија

Бебето чија мајка почина на породување во кумановската болница е на респиратор и во тешка состојба

Bebe Rcn Radio 2 0.jpg
Dik 300x250 mk

Се следи состојбата на новороденчето чија мајка почина во петокот (27 септември) при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска од Клиниката за детски болести. Оттаму велат дека не можат да прогнозираат каква ќе биде состојбата со новороденчето.

– Новороденото е на респираторна машина. Продолжува третманот, рано е дадеме некаква прогноза за последиците. Сè уште е во тешка општа состојба и е на респиратор, изјави директорот на болницата, Реџеп Мемеди

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина во петокот при породување во кумановската општа болница. Новороденчето со екипа од кумановската болница беше префрлено на Ургентен центар на Детската клиника. Јавното обвинителство ги чека резултатите од обдукцискиот наод, истрагата ќе треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка.

Можете да прочитате

Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија

Вработени на Онкологија сведочеа како се набавувала и давала терапијата во времето на Васев и Нухи

Мециновиќ: Дојде времето на одлука и конечен удар