Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Бебе во Србија почина од изгореници при капење

Ја злоупотребила службената положба, кривична  против директорка на градинка во Штип
Img 7972

Осуммесечно бебе почина во Ваљево откако се здобило со изгореници додека се капело. Лекарите во Ургентниот центар не успеале да го спасат детето, а истрагата за трагичниот настан е во тек.

dobivaj vesti na viber

Според првите неофицијални информации, како што пренесуваат тамошните медиуми, вчера по 20:00 часот 25-годишната мајка го донела бебето во болница во несвесна состојба, со изгореници опасни по живот.

Упатените велат дека најверојатно додека мајката не била во бањата, 4-годишнотот момче, братот на девојчето ја вклучил топлата вода на славината во кадата додека во неа било осуммесечното бебе. Истрагата во која беше вклучен и Центарот за социјална работа е во тек.

„Од нивната куќа постојано се слуша врева, врисоци и детски плач“, раскажуваат соседите.

Според педијатрите бебето починало откако срцето и застанало, а девојчето претрпело страшни болки. Случајот ја вознемири јавноста, стои во написте на српските медиуми.

„Температурата на водата за капење бебиња се проверува со ставање на лактот во водата. Ако водата е блага, пријатна за организмот, тогаш е безбедна за децата. Тоа е стара техника која се користи од памтивек“, вели Милица Котлајиќ, педијатар.

Оваа техника се користи затоа што кожата на лактот е тенка и почувствителна од другите делови на телото и затоа е почувствителна на температурата на водата.

„Кога се случуваат страшни настани, како што е трагедијата во Ваљево, последиците обично се фатални.

Во такви случаи се јавуваат изгореници од втор или трет степен. Овие изгореници ја покриваат целата кожа и веројатноста дека детето ќе преживее е мала. Бебето е мало, односно површината на кожата му е мала и брзо се случува термички колапс, тука е најголемиот ризик“, објаснува докторката која ги советува сите родители или оние кои се грижат за најмладите:

„Прво подгответе ја водата за капење, проверете ја температурата, па дури потоа спуштете го бебето во водата. Проверката на температурата никогаш не се прави над телото на бебето и бебето никогаш не се остава само за време на капењето“.

Можете да прочитате

Трамп: Грета Тунберг има проблем со гневот – треба да посети лекар

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа