Утрински Весник
Свет

Бебе починало во рацете на таткото додека чекал да биде спасено од пожарот во Турција

Img 1724.jpeg

Сведоците на смртоносниот пожар во турскиот ски-центар, кој ги однесе животите на 76 лица, го опишаа својот ужас кога виделе како луѓето се фрлаат од прозорците за да избегаат од пожарот додека децата плачеле, а едно бебе трагично починало од вдишување чад.

Пожар избувна во вторник во хотел на 11 ката со 161 соба во одморалиштето Карталкаја во северна Турција. Десетици загинаа при обидот да избегаат, а во хаосот се повредени 51 лице.


Барис Салгур, чистач во хотел во близина на Гранд Картал, беше меѓу оние кои ги поставија душеците на кои скокнаа преживеаните. Тој рече дека луѓето заробени во зградата извикувале „ве молиме помогнете, гориме“.

19-годишникот изјавил дека сведоците се обиделе да ги смират гостите на хотелот, „но тие не можеле да влезат во хотелот и да направат ништо“. Тој исто така опишал дека видел маж на горните катови како држи бебе и бара душек на кој може да го фрли своето бебе.

„Му рековме да биде малку посмирен. Тој чекаше, потоа дојде пожарникарската служба и ги извади, но за жал бебето почина од вдишување чад“, рече тој.

Есра Каракиса, вработена во блискиот хотел, опиша ужасни сцени кога луѓето донеле скали и душеци на местото на настанот за жртвите да можат да избегаат низ прозорец додека пожарот се шири.

„Беше страшно. Бевме преплашени. Луѓето врескаа. Бевме особено погодени од плачот на децата. Сакавме да помогнеме, но не можевме да направиме ништо. Не можев да гледам, беше толку страшно“, рекла таа за Дејли Мејл.

Властите назначија шест обвинители да ги истражат причините за пожарот, кој избувна во ресторанот и брзо се прошири на горните катови. Најмалку девет лица се приведени на сослушување, меѓу кои и сопственикот на хотелот. Медицинските работници исто така работат на идентификација на телата на жртвите пронајдени на местото на настанот.

Според турскиот министер за внатрешни работи, од 76-те тела досега се идентификувани само 45. Министерството за здравство соопшти дека еден од повредените се уште е во тешка состојба, а 29 се прегледани и пуштени дома.

Можете да прочитате

Семејството се спаси, но не и 17-годишната девојка: заедно бегале од пожарот во турскиот хотел, а потоа таа исчезнала

Ако „згрешите“ во една земја-членка, нема да можете да возите во цела ЕУ

Ја викаат „Ѕверот“ – Во каква блиндирана лимузина се вози Трамп?