Утрински Весник
Македонија

Беќаровски за забраната од Хрватска: Пиперките кои се продаваат на нашите пазари се со многу поголема концентрација на пестициди

Беќаровски за забраната од Хрватска: Пиперките кои се продаваат на нашите пазари се со многу поголема концентрација на  пестициди

Во врска со оспорената пратка на пиперки во Хрватска, која вчера беше потврдена и од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, се огласи и познатиот лекар Нико Беќаровски кој во негова објава на социјалните мрежи ќе напише: Да бев премиер на Македонија, вратениот контингент бесплатно ќе го разделев на социјалните слоеви на граѓани, кои поради високите цени овој производ се повеќе само го гледаат, а не може да си дозволат да го купат.

dobivaj vesti na viber

„Вратените „отровни” пиперки – Formetanate hydrochloride, попознат како Carѕol 50, Dicarsol 10 итн е инсектицид од групата на карбамати кој се уште регуларно се користи во голем број на држави и кој при акутни труења (намерно пиење, или акцидентно при прскање) предизвикува иреверзибилна инхибиција на еритроцитната холинестераза.
Во текот на овие 33 години клиничка пракса сум имал стотици вакви суицидни труења и со исклучок на неколку екстремно тешки случаи сите други успешно заминувале од Клиниката за 3-5 дена. Напоменувам дека сите тие труења биле со концентриран препарат, а не со откриени траги во прехрамбен производ“, пишува Беќаровски.

Појаснува дека конзумирањето на пиперките кои се вратени од Хрватска, поради траги од присуство на овој карбамат е исто толку штетно колку и јадењето на било кој друга пиперка, прскана со било кој друг пестицид.

Секако дека долгогодишно конзумирање на производи третирани со ист пестицид, па и со овој, може да дадат последици по здравјето, но и кај земјоделците кои користат пестициди постои “мода” па обично секои неколку години се користи нов пестицид, додава познатиот лекар.

„Одлуката на Хрватска е во согласност со регулативата на ЕУ, која пред сѐ служи за заштита на економските интереси на ЕУ и нивното производство со нивни пестициди.
Да бев премиер на МК вратениот контингент бесплатно ќе го разделев на социјалните слоеви на граѓани, кои поради високите цени овој производ се повеќе само го гледаат, а не може да си дозволат да го купат. Тврдам дека ниту еден нема да има акутни здравствени компликации од еднократна употреба на овие пиперки. Всушност многу веројатно е дека пиперките кои се продаваат низ нашите пазари се со многу поголема конценѕтрација на разни пестициди“.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство вчера преку соопштение информираа дека преку апликацијата „RASFF Window“ од Системот за предупредување за небезбедна храна на Европската унија (RASFF) била добиена нотификација за небезбеден производ од категоријата овошје и зеленчук извезен од нашава земја – свежи пиперки наменети за пазарот во Хрватска.

При спроведена гранична контрола земениот примерок за лабораториска анализа покажал отстапување во однос на присуство на резидуи од пестициди.

Можете да прочитате

Предизвиците на првиот училишен ден во Скопје

Трајче Стојчевски избран за нов претседател на СДММ

Ангеловска: Наставниците се важен дел од образованието, власта да ги покачи платите