Утрински Весник
Економија

БДП во време на владеење на СДСМ постојано расте, во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ останало исто

Pari.webp.webp

Бруто домашниот производ за време на владеењето на СДСМ, од 2017 до 2024 година е во постојан раст, што може да се види од податоците на веб страницата за економските индикатори на земјите, „Макротрендс“.

За разлика од тоа, од 2008 до 2016 година, за време на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, Брутодомашниот производ на земјата е во едно исто рамниште, со неколку растови, но и последователни падови.

Слична е и ситуацијата ако се споредува БДП по глава на жител. Од 2018 до 2017 година се забележува минимален раст, додека од 2017 до 2024 година, БДП по глава на жител добива нагорен тренд, сподели професорката Емилија Целакоска на социјалните мрежи.

Ваквите податоци само покажуваат дека иако економијата е често во изјавите и соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ, фактите и податоците покажуваат дека нивното владеење не придонело за економски раст, додека за време на владеењето на СДСМ, забележително е објективно подобрување на сите економски индикатори.

Можете да прочитате

Втор ден од Самитот на Македонија2025: Лидерството и довербата се клучни за иднината во ера на глобални промени и вештачка интелигенција

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

М-таговите отсега достапни преку мобилните оператори по цена од 49 денари месечно