Барселона сѐ уште не успеала да го регистрира Илкај Гундоган, најголемото засилување за новата сезона, поради што договорот би можел да биде раскинат доколку не добие валоризација пред почетокот на Ла Лига.
Девет дена пред Барселона да ја започне одбраната на титулата во Ла Лига против Хетафе, Каталонците почнуваат жестока трка со времето.
Со само 13 регистрирани играчи, клубот со кој претседава Жоан Лапорта чека планиран нов приход (продажба на 16% на студиото Барса за 60 милиони евра) за да им овозможи на играчите со продолжени договори или оние кои штотуку потпишале летово да бидат регистрирани навреме. Но, најзагрижувачки е случајот со Илкај Гундоган.
Поранешниот капитен на Манчестер Сити кој ја освои Лигата на шампионите, потпиша за Барса со еден услов во договорот – тој мора да биде пријавен во Ла Лига пред 12 август. Во спротивно, неговиот договор ќе биде неважечки, а Германецот би требало до 31 август да најде нов клуб.
Барселона има уште осум дена да го реши проблемот.