Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, најави дека утре ќе го одигра последниот натпревар во кариерата против Алмерија во 13. коло од шпанското првенство. Во Барселона како десетгодишник пристигна во 1997 година, а од 2004 до 2008 година играше за Манчестер Јунајтед, кога се врати во каталонскиот клуб, чиј тренер тогаш беше Пеп Гвардиола.
Барселона веќе договорила замена за 35-годишниот Пике. Тие биле сигурни дека тој ќе замине, но на крајот од сезоната, а најновата одлука ќе заштеди дел од буџетот поради неговата огромна плата .
Шпанските медиуми тврдат дека дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинез, е негова замена и дека веќе е постигнат договор.
„Барселона преговараше со Мартинез со месеци, дури и помислија да го доведат летово, но Атлетик Билбао одби да преговара за разумна цена, па се беше одложено за следната година. Сепак, најавата на Пике може да ги промени плановите. Останува да се види дали Атлетик е подготвен да преговара за продажба со оглед дека договорот на Мартинез истекува за шест месеци и тој ќе може да си замине без обештетување“, пишува каталонски „Спорт“.
Ињиго Мартинез е 31-годишен Шпанец, кој одигра 350 натпревари во Ла Лига и постигна 21 гол. Кариерата ја започна во Реал Сосиедад, а од 2018 година настапува за Атлетик Билбао.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез има четворица стопери. Роналд Араухо ќе биде фит во јануари откако ќе се опорави од повредата, а тука се и Ерик Гарсија, Жил Кунде и Андреас Кристенсен.