Утрински Весник
Спорт

Барселона има план како да го избрка Пике од клубот

Барселона има план како да го избрка Пике од клубот
Dik 300x250 mk

Славниот дефанзивец на Барселона би можел да го напушти клубот во кој ја започна кариерата и ги мина последните 14 години, а сето тоа откако клубот сфати како тоа може да го избрка Џерард Пике по завршувањето на сезоната.

dobivaj vesti na viber

Пике има 35 години и Барселона е свесна дека неговата кариера на највисоко ниво е при крај. Тој исто така има договор кој ја комплицира и онака комплицираната финансиска ситуација на клубот и сега Барселона се обидува да најде решение за да се „извлече“ од таа зделка.

Шпанските медиуми пишуваат дека ова ќе биде последна сезона за Пике во клубот, иако има договор со Барса до летото 2024 година.
„Мундо депортиво“ откри дека во неговиот договор има интересна клаузула. Во него пишува дека доколку Пике се појави на помалку од 35% од натпреварите оваа сезона, Барселона има опција да ја прекине соработката.

Почетокот на сезоната навестува вакво сценарио. Пике само двапати се појави во тимот на Чави и се поизвесно е дека ова може да биде негова последна сезона на „Ноу Камп“, по 14 години. Покрај тоа, Барселона сака следното лето како слободен играч да го доведе Иниго Мартинез, стоперот на Атлетик Билбао, кој директно би го заменил Пике.

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации