Утрински Весник
Спорт

Барса го продава Кунде за 90 милиони евра

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Жил Кунде може да замине доколку во Барселона пристигне понуда од 90 милиони евра. Францускиот репрезентативец, според медиумите му рекол на тренерот Чави дека доколку наредната сезона не игра на неговата природна позиција, ќе го напушти клубот.

dobivaj vesti na viber

Барселона, минатото лето пред нос им го зеде на Челси Кунде. За неговиот трансфер на Севилја и платија 50 милиони евра. Кунде, стандарден репрезентативец на Франција, игра како централен дефанзивец, одличен е и во формација со тројца стопери, а по потреба може да игра и на позицијата десен бек.

Оваа позиција е дефицитарна во Барселона, поради што Кунде речиси цела сезона игра како десен бек.

Не крие дека не сака да игра на својата природна позиција, поради што му поставил ултиматум на Чави.

Одговорот од клубот експресно стигна, Кунде може да замине за 90 милиони евра, во спротивно ќе остане на „Ноу Камп“ и ќе ги почитува одлуките на тренерот.

Можете да прочитате

Филаделфија избори плејофот – 24info.mk

Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол

Европа ќе има нов фудбалски владетел