Утрински Весник
Спорт

Барса бара оставка од претседателот на Ла лига – давал лажни информации!

Барса бара оставка од претседателот на Ла лига – давал лажни информации!

Барселона побара претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас да си поднесе оставка, откако беше обвинет дека давал лажни информации во случајот „Негреира“ со наводната корупција на поранешниот потпретседател на судиската организација, Хозе Енрикз Негреира.

dobivaj vesti na viber

Барселона со години му исплаќале милионски суми на Негреира преку неговата приватна компанија за консултации, по што беа обвинети дека го правеле тоа за да добиваат подобри судиски одлуки. Но, последните информации во Шпанија велат дека Тебас наводно дал лажна изјава во цивилната истрага за случајот, праќајќи писмо со кое ги компромитира двајцата поранешни претседатели на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, кое било основано на писмо пронајдено во дом на претседател на клубот.

Документот бил вклучен во друг корупциски скандал и Тебас ги поврзал имињата на двајцата поранешни претседатели и ги пратил информациите до обвинителите во февруари, со повеќе теории и шпекулации околу случајот. Тебас барал обвинителството итно да го истражи случајот за Ла лига да можат бргу да ја предадат казната. Проблмот е тоа што имињата кои се појавувал во документот не се поврзуваат со Росел и Бартомеу, а документот е стар повеќе од две децении. Тебас се правдаше дека не обвинил никого.

„Писмото не посочуваше обвинувања против никого. Имињата и преезимињата само се поколопуваат со имињата или презимиата на одредени поранешни претседатели на Барселона“, изјави Тебас.

Барселона официјално побара оставка од Тебас.

„Ова не е првпат претседателот на Ла лига преку медиумите да сака да наштети на Барслона, но не сме ниту помислувале дека ќе се обиде да го направи тоа со лажни сведоци. Написот кој е објавен во весникот ‘Ла вангардија’ е толку опасен што сите клубови во Ла лига треба да се загрижени од ваквото однесува на претседателот. Поради тоа, но и поради честа и респектот на позицијата, господинот Тебас треба да си даде оставка. И покрај тоа, познавајќи ја неговата опсесија со нашиот клуб сметаме дека тој ќе продолжи со своите напори да ни наштети“, се вели во објавата на Барселона.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ спаси две сет топки, во два тај-брејка го победи Микелсон

ФИФА ќе побара да се вклучат футсалот и фудбалот на плажа во програмата на Олимписките игри

Бањаја победи на спринтот во Јапонија