Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Img 9051.jpeg
300x250 opst2

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 против Казахстан на арената „Тодор Проески“ во натпревар исполнет со борба, емоции и драма до последниот свиреж.

По прв дел без голови, во кој гостите делуваа поорганизирано и со подобра тактичка дисциплина, Казахстан поведе во 52. минута преку Караман, по несигурност во нашата одбрана. Тој погодок ги разбуди избраниците на Благоја Милевски, кои презедоа целосна контрола врз натпреварот. Костадинов и Ристовски имаа две одлични можности, но нивните удари завршија покрај голот.


Во 74. минута следуваше магија од Енис Барди — со прецизен и силен удар од слободен удар ја погоди мрежата и донесе израмнување за Македонија. Тоа беше негов 20-ти гол во националниот дрес, проследен со ерупција на радост од трибините.

До крајот, Македонија напаѓаше со сите сили, но ниту Трајковски ниту Елмас не успеаја да донесат целосен пресврт. Натпреварот заврши 1:1 — резултат што ја остава Македонија во трка за второто место во групата, но со јасна порака: победата против Велс во Кардиф во ноември е неопходна ако сакаме да го продолжиме сонот за Мундијалот.

Можете да прочитате

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026