Утрински Весник
Свет

Барале од нив да кажат дека сите Руси се лоши, откажан концертот на „Лајбах“ во Киев

Барале од нив да кажат дека сите Руси се лоши, откажан концертот на „Лајбах“ во Киев

Концертот во Киев, што светски познатиот словенечки бенд „Лајбах“ требаше да го одржи на 31 март, е откажан поради, како што се наведува, ставот на бендот за конфликтот во Украина.

dobivaj vesti na viber

Овој социјално и уметнички ангажиран алтернативен рок-бенд денеска за агенцијата СТА потврди дека организаторот одлучил да го откаже нивниот настап бидејќи изјавата на „Лајбах“ предизвикала премногу полемики во Украина.

Во соопштението на оваа словенечка рок-група се наведува дека биле соочени со категорично барање експлицитно да наведат дека „сите Руси се лоши и оти целата руска уметност е безвредна“, на што, како што велат, не можеле да се согласат.

„Да нема забуна, ние ги сакаме руската литература, музика и уметност. Но, во оваа бесмислена војна меѓу Русија и Украина ние од сè срце сме на страната на Украина и нејзиниот народ, кој како во старата библиска приказна за Давид и Голијат – се бори достоинствено против посилниот непријател“, објави, меѓу другото, бендот „Лајбах“, додавајќи дека со концертот во Киев го следеле повикот на срцето, а не на умот.

Локалниот организатор на концертот на социјалните мрежи објави дека настанот, кој требаше да се одржи во музичката сала „Бел етаж“ во Киев, е откажан поради жестока полемика за ставовите на бендот за тоа што ја предизвикало војната во Украина.

„За да не ги поделиме Украинците во разни табори и да ја отстраниме причината за несогласувањата, решивме да го откажеме концертот на ‘Лајбах’. И покрај фактот што бендот изрази поддршка за Украина и Украинците и го осуди рускиот режим, значаeн дел од публиката категорично се спротивстави на настапот на ‘Лајбах’“, објави организаторот на концертот на „Фејсбук“.

Украинците се поделени во врска со тврдењата на „Лајбах“ дека војната во Украина е, всушност, геополитички конфликт меѓу Русија и САД на украинска територија.

Лондонски „Гардијан“ цитира еден од претставниците на овој словенечки бенд дека конфликтот во Украина е „цинична, проксна војна за геостратешките интереси на суперсилите и финансискиот капитал, особено на воено-индустрискиот комплекс“.

„Лајбах“ требаше да биде првата странска група што ќе одржи концерт во Киев по руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

Бендот најави концерт во главниот град на Украина минатата недела. Воедно, најавија дека средствата од продажбата на билетите ќе ги донираат во хуманитарни цели.

Пред неколку дена на социјалните мрежи објаснија дека не доаѓаат во Украина за да бидат прва, втора или трета група што ќе настапи во Киев за време на војната, туку како јасен израз на поддршка за Украинците и земјата во оваа војна.

„Некои од нашите изјави, кои можеби не беа во согласност со вашето размислување, никогаш немаа намера да ве повредат на кој било начин или да ја намалат важноста на вашата праведна борба. Од првите денови на руската агресија против Украина ние презедовме недвосмислена позиција и постојано кажувавме дека нема место за војна во современото општество. Геополитичките прашања не може да се решат со вооружен напад и политичко поттикнување. Исто така, веднаш ги откажавме сите планирани настапи во Русија и во сите интервјуа ја осудивме руската агресија во оваа војна“, изјави бендот.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина