Утрински Весник
Скопје

Банов: Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери

Banov.jpg

Прес-конференција на Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар, ВМРО-ДПМНЕ

Паркинзи на Општина Центар, под раководство на кадри од СДС, во 2024 отпишале вкупно 2 милиони и 221 илјада денари, долгови од физички лица, како и 912 илјади денари долгови од компании. Па наместо овие, вкупно преку 3 милиони денари, односно над 50.000 евра, пари на Центарци, да завршат во општинската каса, тие којзнае во чии џебови биле натуткани.


Во ревизорскиот извештај за 2024, стои и информацијата дека за овие пари, требало да се наплати и данок на личен доход кон буџетот на државата од вкупно 247 илјади денари, пари на граѓаните.

СДС, познати во јавноста по чантички и куферчиња со кеш, се под сомнение дека со години до коска ја соголуваат општина Центар и центарци или како што државниот завод за ревизија го нарекува, „ефект на нереално и необјективно презентирање на финансиските извештаи“.

Се ова, со одлука на управниот одбор на ПОЦ, кој има име и презиме, односно: Александар Писинов, Дарко Конески, Никола Савовски, Оливер Тоновски, Маја Зрмановска и секако, најповиканите, директорот на паркинзи, Душко Коцевски и градоначалникот Горан Герасимовски. Ете овие луѓе, почитувани сограѓани, центарци, се расфрлаат со нашите пари, како да се нивни лични.

Ги повикуваме итно да ги објават имињата на компаниите и луѓето од кои ги отпишале три-милионските долгови! Дали се тоа членови на СДС? Дали парите наместо кај центарци, завршиле на сметките на компании блиски до Зоран Заев и Венко Филипе?!

Оваа огромна сума на пари ќе го решеше недостатокот на место во градинките во Центар, ќе се изградеа нови училишта, обновеа улици и тротоари, паркови, спортски сали, современи игралишта и еден куп други инфраструктурни проекти.

Наместо тоа, СДС ја влече Општина Центар заедно со себе во сигурна пропаст. ПОЦ наместо да ги наплаќа парите кои им ги должат, а Центар со години тапка во место!

Можете да прочитате

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси

Имаме решение за патот за “Тефериџ”. Владата ќе го води проектот, вели Николоски

Николоски: Преку 6 милиони евра инвестираме во општина Кисела Вода во инфраструктура