Утрински Весник
Спорт

Балотели покажа среден прст и избувна: Не знам каква мафија сте вие

Балотели покажа среден прст и избувна: Не знам каква мафија сте вие

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели преку профилот на „Инстаграм“ ја нападна Фудбалската федерација на Швајцарија откога неговиот тим Сион на последниот меч одигра 0:0 против Базел.

dobivaj vesti na viber

Балотели на натпреварот им покажа среден прст на навивачите на Базел, а сега Фудбалската федерација на Швајцарија ја нарече мафија.

„До швајцарската Федерација. Не знам каква мафија сте вие, но верувајте дека фудбалери како мене не се гордеат што играат во лига во која владеат неправда и корупција. Фудбалот е нешто што сите мора да го сфатат сериозно. Ако судиите направат грешка, треба да платат за тоа“, истакна Балотели.

Можете да прочитате

Осогово и Вардар со хуманитарен натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани

Рељиќ со бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите 

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство