Утрински Весник
Македонија

„Балансерот“ денеска на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија.

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор – (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници – (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор – (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

Можете да прочитате

СДСМ: Од наводен коректор на политиките на Владата, ЗНАМ се претвори во гума за бришење

Ако сакате да се откажете од пушење свртете на телефон во Институт за јавно здравје

Првпат во Македонија дијагностицирана ретката генетска болест фабри