Утрински Весник
Македонија

Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Image 1.png

Интегрален текст од изјава на Весна Баковска, Комисија за образвание на СДСМ

Втор ден од учебната година а родителите на децата со потешкотии се се повеќе гневни затоа што и денес нема образовни асистенти. Нивните деца се дискриминирани на почетокот на учебната година! Наместо во училишните клупи, седат дома бидејќи министерката за образование, Весна Јаневска, не ја заврши навреме постапката за вработување на образовните асистенти.

Родителите се во агонија како да ги организираат секојдневните обврски бидејќи нивните деца не може да следат настава, а министерката наместо да покажае разбирање и емпатија, ја лаже јавноста дека проблемот ќе биде решен деновиве.

Процедурата за вработување на образовните асистенти започна пред неколку дена и ќе трае цел септември, што значи дека децата со посебни потреби од настава ќе изгубат месец дена. Уште поголем проблем ќе биде ако по месец дена добијат нов асистент кој ќе треба да го прифатат и да се прилагодат. 

Весна Јаневска да престане да лаже! Зема над 115.000 плата! 3,5 пати поголема плата од наставниците и професорите и требаше со време да мисли на децата со потешкотии и на нивните семејства пред почетокот на учебната година!

Можете да прочитате

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Левица: И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари – монопол не значи недопирливост