Утрински Весник
Македонија

Багерот на пешачки ја прегази Ленче Јованова – истакнат археолог и автор на многубројни студии

Багерот на пешачки ја прегази Ленче Јованова – истакнат археолог и автор на многубројни студии
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шеесет и шестгодишната Ленче Јованова е жената што трагично загина кога ја прегази багерист во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Таа беше долгогодишен член на Македонското археолошко друштво и кустос советник во Музејот на град Скопје.

На фејсбук-страницата на МАД велат дека со големо неверување на примиле веста дека нивната колешка трагично го загубила животот.

„Ленче Јованова беше долгогодишен член на Македонското археолошко друштво и кустос советник во Музејот на град Скопје. Таа остави длабока и неизбришлива трага во македонската археологија истражувајќи ги културните хоризонти на античкиот град Скупи. Нејзиниот интерес беше насочен кон проучување на римската материјална култура. Автор е на многубројни изложби, каталози, статии, студии, а особено се значајни монографските изданија ‘Скупи – Colonia Flavia Scupinorum’; ‘Скупи – некрополи: стории за истакнати личности според епиграфски и археолошки сведоштва’; ‘Скупи: сектор југоисточен бедем и комплекс терма – базилика со атриум’. Ленче Јованова засекогаш ќе остане во нашите сеќавања како врвен и искусен професионалец, кој со огромна посветеност го промовира македонското културно наследство во земјата и светот“, пишува во објавата на фејсбук-страницата на МАД.

Од Обвинителството информираа дека 42-годишниот багерист, завчера, на улицата Јордан Мијалков, на обележан пешачки премин, со машината удрил во телото на една жена пешак, која од ударот добила тешки телесни повреди и починала.

ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето за кое постои основано сомнение дека сторило тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

 

Можете да прочитате

Се бара притвор за странскиот државјанин кој нападна полицаец во Градски парк

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови