Утрински Весник
Спорт

Баерн за полувреме го реши Аугсбург

Баерн за полувреме го реши Аугсбург
Dik 300x250 mk

Баерн Минхен и Аугсбург одиграа натпревар со осум гола. Баварците славеа со 5:3. Мечот го обележа Бенжаман Павар, постигна два гола во својот 150 натпревар за Баерн.

dobivaj vesti na viber

Играчите на Аугсбург го постигнаа првиот гол на натпреварот. Бериша погоди по само 120 секунди игра.

Баерн брзо да се опорави од шокот и постигна четири гола до крајот на полувремето. Кансело израмни, потоа два гола постигна Павар, а полувремето со гол го затвори Сане.

Во продолжение Бериша намали од пенал во 60. минута, а Алфонсо Дејвис во 75. го постигна петтиот гол за Баерн. Во судиското продолжение Кардона го ублажи поразот на Аугсбург.



Лајпциг ја казни Борусија Менхенгладбах за неискористен пенал во 53. минута и победи со 3:0 со головите на Вернер, Форсберг и Јошко Гвардиола.

Ајнтрахт поведе против Штутгарт со голот на Родео, но Катомпа Мвумп им донесе бод на гостите.

Дуелот Херта – Мајнц заврши со резултат 1:1. За домашните, Нганкам погоди од пенал во 18. минута, конечниот резултат го постави Јорк во 57 минута.

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации