Утрински Весник
Спорт

Баерн во „војна“ со Ноер по отказот на неговиот пријател

Баерн во „војна“ со Ноер по отказот на неговиот пријател

Првите луѓе на Баерн Минхен луто реагираа на последното интервју на нивниот голман Мануел Ноер, откако тој изјави дека чувствувал дека „срцето му е откорнато“ откако добил информација дека неговиот близок пријател, тренерот на голманите, Хрватот Тони Тапаловиќ добил отказ.

dobivaj vesti na viber

„Се работи за човечката страна на работите, начинот на кој се однесуваше клубот кон важен работник. Во Баерн Минхен сакаме да сме поинакви, вистинско семејство. И тогаш се случува ова што никогаш не сум го помислил. Ова е тажна работа за сите – за клубот, за Тапа, за сите голмани“, изјави Ноер во интервјуто за „Атлетик“.

Спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ потврди дека клубот ќе зборува со Ноер по изјавата дека тој не се согласува со причините поради кои Тапаловиќ доби отказ по повеќе од една деценија во клубот.

„Сфаќам дека Мануел лично беше погоден од ситуацијата, но очекувам поинакво однесување од него како капитен. Одлуката за Тапаловиќ беше тешка за сите нас, но нема никаква врска со Мануел. Разочарувачки е што тој ги постави личните интереси пред интересите на клубот. Ќе го решиме то интерно“, изјави Салихамиџиќ.

Можете да прочитате

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки

Ливерпул крева раце од Алонсо, ќе бара нов наследник на Клоп

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито